| четврток, 6 декември 2018 |

Од недела во кино „Милениум“ на репертоарот е македонскиот филм „Ослободување на Скопје“

Од недела, 11 септември во скопското кино „Милениум“ од 20 часот ќе почне да се прикажува македонскиот игран филм „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и Данило Шербеџија. Ден порано филмот ќе ја има македонската премиера на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Од Младонскиот културен центар (МКЦ) најавуваат уште три филмски премиери во „Милениум“.
Во четврток, осми септември на репертоарот на „Милениум“ ќе почне да се прикажува „Чудото од Хадсон“, најновиот филм на легенрадниот Клинт Иствуд, потоа акциониот „Механичарот: Враќање“, како и контроверзниот анимиран филм за возрасни „Забавата на колбасите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top