Вардар и Металург одиграа до крај неизвесен натпревар во СЕХА лигата, но на крајот славеше фаворизираниот Вардар со резултат 25:24, за кого ова е прва победа во новата сезона во регионалната лига.
Иако „Црвено-црните“ имаа и три гола разлика во 22. минута со резултат 10:7, на полувреме се замина со изедначен резултат 13:13.
Вардар во второто полувреме дојде и до предност од 24:20, но и покрај тоа играчи на Лино Червар во завршната минута имаа напад за израмнување, но истиот не го искористија.
Душебаев го заврши натпреварот со 7, а Дибиров со 6 погодоци за Вардар, додека Талески и Младеновиќ постигнаа по 5 гола во дресот на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


