| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска подготвува Закон за референдум за независност

Шкотска се подготвува за закон за нов референдум за независност во слулчај тоа да биде потребно, посочи шкотската премиерка Никола Старџен во парламентот. Нејзината партија ќе го испитува јавното мислење за да се утврди поддршката на шкотската независност.

Предлог законското решение би било подготвено за брзо усвојување ако биде јасно дека граѓаните поддржуваат независнот, но не прецизираше во која временска рамка.

Анкетите покажуваат дека во мала предност се оние кои посакуваат останување во Обединетото Кралство, иако не се многу радосни заради Брегзитот, бидејќи Шкотска гласаше за останување во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top