На последниот гренд слем турнир од сезоната – УС Опен, се комплетираа четрвртфиналните двојки.
Последен кој обезбеди место меѓу најдобрите осум е Енди Мареј кој без поголеми проблеми во три сета со 6:1, 6:2 и 6:2 го елиминираше Димитров и за место во полуфиналето се среќава со Кеи Нишикори.
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ за противник го има Жо Вилфред Цонга, Поил се среќава со Монфилс и Дел Потро со Вавринка.
На женскиот дел од турнирот продолжува доминацијата на најдобрата тенисерка во светот Серена Вилијамс која местото во четврт финалето го обезбеди во два сета победувајќи ја Јарослава Шведова со 6:2 и 6:3 за нов рекорд од 308 грен слем победи, надминувајќи го Роџер Федерер.
Во четврт финалето Серена се среќава со Симона Халеп. Останатите двојки се Коњух –Плишкова, Вознијацки –Севастова и Кербер –Винчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.