Натпреварот Македонија-Албанија, кој вечерва поради лошите временски услови беше прекинат во 76. минута, сепак ќе се доигра, велат последните информации од Албанија.
Последните петнаесетина минути од мечот, кој вечерва беше прекинат на резултат 1:1, ќе се се играат утре на пладне (12 часот) на истото место, стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар, информираа од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Останува непознато што ќе се случи доколку дождот продолжи да паѓа и теренот остане поплавен до утре. Според правилата на ФИФА, последните 15 минути од мечот треба да се доиграат во рок од 48 часа, а доколку нема услови Скадар, мечот бил можело да се доигра во радиус од 100 км.
Судијата Хусеин Гочек од Турција реши да го прекине мечот поради големото невреме проследено со обилен дожд и со силен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.