На натпреварот меѓу Вардар и Кил, љубител на ракометот од Охрид ја запроси својата девојка, а таа му го кажа судбоносното „да“.
Владимир Танаскоски беше доволно храбар и ја побара Ирена Цоцеска за сопруга, а таа пред сите се согласи да стапи во брак со него.
„Ирена, ќе се омажиш ли за мене?“, стоеше на видео-бимот во СЦ „Јане Сандански, а девојката ја прифати понудата. Салата ги поздрави со аплауз, а девојката од среќа прсна во плач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.