Боксерскиот меч што долго се најавуваше, сега и официјално е закажан. Владимир Кличко ќе се бори против Ентони Џошуа, на 29.април на стадионот „Вембли“, за титулата светски првак. Џошуа синоќа го победи Ерик Молина, со кој се бореше затоа што Кличко поради повреда го одложи своето враќање во рингот. Веднап по оваа борба, промоторот Еди Херн службено го потврди тоа што се очекуваше.
– Сакам службено да го најавам мечот за светската титула меѓу Џошуа и Кличко, на 29.април 2017 година на „Вембли“. Во продажба ќе бидат пуштени 80.000 билети, но ќе бараме да има и преку 90.000, ако е тоа можно – изјави Херн.
Џошуа е сопственик на шампионскиот ремен во ИБФ – верзијата, а со Кличко ќе се бори за ВБА. За Кличко тоа ќе биде прва борба по поразот од Тајсон Фјури минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.