Македонскиот маратонски пливач Евгениј Поп Ацев победи на 51. традиционален маратон Капри-Наполи, воедно последен оваа сезона во „Гран при“ серијата на Светската пливачка федрација (ФИНА). Поп Ацев патеката долга 36 километри ја мина за 6 часа и 17 минути.
На подиумот покрај Поп Ацев завршија Аргентинецот Дамијан Блаум, со кого нашиот пливач се одвои од останатите натпреварувачи уште на половина од трката, како и Бертран Вентури од Франција кој стигна до третото место.
Покрај првото место на Поп Ацев, Македонија стигна до уште еден важен успех откако во „Гран При“ конкуренцијата, ветеранот Томи Стефановски стигна до победа во генералниот пласман која ја најави со триумфот во Охрид. Денеска Стефановски на целта пристигна шести, што беше доволно да го подели првото место во генералниот пласман со Италијанецот Едуардо Стокино.
Кај жените најдобра беше Пилар Геијо од Аргентина, а на подиумот се качија и Русинката Олга Козидуб, која е победник во Гран-при серијата во женска конкуренција, како и домашната пливачка Елена Раимонди која го освои третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


