| четврток, 6 декември 2018 |

Евгениј Поп Ацев и Бертола го делат првото место во маратонско пливање

Македонскиот пливач, Евгениј Поп Ацев се врати на првото место во генералниот пласман во гран при серијата на ФИНА за маратонско пливање.

Поп Ацвев се најде на првото место во генералниот пласман во гран при серијата на ФИНА за маратонско пливање заедно со Гилермо Бертола (Аргентина) со по 43 бода.

На последниот маратон на трката Капри-Наполи во Италија, нашиот пливач беше четврти, доволно за првата позиција во Генерален пласман, успех кој го направи и пред две години.

Последната трка во Капри, Италија мина во драматична борба за конечен триумф меѓу Поп Ацев и Бертола, за на крајот Аргентинецот со само една секунда предност да го освои третото место со кое во генералниот пласман се изедначи со вкупни бодови со Македонецот.

Минатата година Томи Стефановски го освои трофејот во светското маратонско пливање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top