| четврток, 6 декември 2018 |

Од годинава маратонска трка во чест на Димитрија Поповски – Шкипер

dimitrija popovski

Во чест на неодамна починатиот некогашен селектор на репрезентацијата на Македонија, д-р Димитрија Поповски, поведена е иницијатива во календарот од Македонскиот куп во далечинско пливање за годинава, покрај трките на езерата Младост, Дојранско и Преспанско, во календарот да влезе и трката на Охридско Езеро на патека од 10 км, која ќе биде насловена „Шкипер“, по прекарот на Поповски.

– Првпат годинава, а во чест на легендата на пливачкиот спорт кај нас, летово во Охридско Езеро ќе биде одржана трка во далечинско пливање. Тоа ќе биде четврта трка во календарот од Македонскиот куп во далечинско пливање. Со оваа трка барем малку ќе му се оддолжиме на човекот што толку многу направи за пливачкиот спорт во земјава – рече Гордана Јанакиевска, портпаролка на ПМФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top