Агенцијата за млади и спорт (АМС) реагираше во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев и по повод последните случувања во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Од АМС наведуваат дека внимателно го следат случајот поврзан со неправда која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев.
– Евгениј Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачи и еден од најголемите спортски амбасадори на нашата држава, кој безрезервно е поддржан во сите неговите настапи и натпреварувања од страна на АМС. Изразуваме жалење што АМС не била порано информирана дека иако има постигнато норма нема да биде пријавен да учествува на ова првенство, како би можеле писмено да реагираме до надлежните меѓународни спортски институции и да најдеме начин да го поддржиме, стои во соопштението на АМС.
Од Aгенцијата нагласуваат дека се залагаат за системско решавање на проблемите во пливањето, за во иднина да нема вакви случаи, кои се на штета на спортот и спортистите, кои ја претставуваат нашата земја.
– Ги повикуваме сите инволвирани кои одлучиле Евгениј да не учествува во Европското првенство во Глазгов да се произнесат во јавноста со сериозни факти и аргументи врз кои ја донеле оваа одлука и да сносат соодветна одговорност, наведуваат од АМС.
Во меѓувреме, Александар Поповски си поднесе неотповиклива оставка на функцијата член на Управниот одбор на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).
Тој одлуката ја донел од морални причини во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев.
– Се работи за неправда која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев …. Од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за Европското првенство кое се одржува во Глазгов и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото, наведува Поповски.
Поп Ацев вчера обвини дека ПФМ намерно не го пријавила за учество на трките на десет километри и на 25 километри на отворени води на Европското првенство во Глазгов.
Федерацијата денеска преку соопштение потпишано од претседателот на ПФМ, Александар Маленко, ги отфрли обвинувањата.
Поп Ацев е единствениот Македонец, победник на Охридскиот пливачки маратон, најпрестижната спортска манифестација која се одржува во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Компаниите веќе ги потпишуваат првите договори за даночно ослободување по инвестирање во спортска федерација
-
Родители, спортувајте со вашите деца: в сабота во „ВИП арена“ во СЦБТ на дружба со познати спортисти
-
Охридскиот маратон и понатаму во календарот на ФИНА, ќе се плива на 19 август