Најмалку 900 полициски службеници ќе бидат ангажирни во обезбедувањето на фудалскиот натпревар Албанија-Македонија,што ќе се одигра на стадионот „Лоро Бориќи“ во Скадар,в понеделник навечер.
Полицијата од овој северен албански град го објави и планот-мерки, кои почнуваат да се спроведуваат од понеделник наутро,а на главните улици кои водат до стадионот целосно ќе биде забрането паркирање на возила.
-Со цел да се избегне конфузија, гледачите ќе почне да влегуваат во стадионот во 17 часот а полицијата упати апел сите со себе да носат и документ за идентиикација.Во мерките се предвидува и постоја физичка контрола ,со цел да не се дозволи внесување недозволени средства на стадионот. Исто така сите трговски и угостителски објекти во поширокиот регион на стадионот ќе затворат по 15 часот,- пренесува тиранската телевизија Топ-чанел.
За безбедноста на високите личности,кои ќе бидат на стадионот,ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда.
Ова е прв меѓународен натпревар на албанската национална фудбалска репрезентација на новиот стадион „Лоро Бориќи“ кој располага со 60 илјади седишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.