| четврток, 6 декември 2018 |

„Дејли меил“ рече, па одрече: Меланија Трамп не била ескорт дама

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ ја повлекол приказната за сопругата на републиканскиот претседателски кандидат, Меланија Трамп, која наводно работела во агенција за деловна придружба.

Госпоѓа Трамп го тужела интернет изданието на „Дејли мејл“ и еден портал во американската сојузна држава Мериленд поради навредите дека во девдесеттите години на 20 век работела како девојка за придружба. „Дејли мејл“ во своето вчерашно издание навел дека „намерата не била да се тврди или да се сугерира“ дека наводите за сопругата на Доналд Трамп се вистинити.

„Поентата на текстот беше дека тие наводи би можеле да влијаат на претседателските избори во САД, дури и ако се невистинити“, наведува „Дејли мејл“. На крајот се истакнува дека уредниците „жалат поради секоја погрешна интерпретација“ на текстот објавен на 20 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top