| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Старџен навести нова кампања за независност на Шкотска

Шкотската премиерка  Никола Старџен, лидер на владеачката, сепаратистичка Шкотска национална партија (СНП), навести денеска нова кампања за независност, инсистирајќи дека земјата мора самата да ја има контролата врз сопствената судбина.

Во говор во Стирлинг, таа порача дека определбата  за независност на земјата ќе биде „голема одлука“ по изборот на Британија за Брегзит.

– Остануваат уште многу прашања што лугето (Шкотланѓаните) треба да ги одмерат пред извојувањето на независноста, но во секој случај, сега е вистинскиот момент прашањето за излегување од Велика Британија, да биде ставено на масата – рече Старџен.

Опозициските партии во Шкотска им порачаа на Старџен и на СНП да се занимваат со тековните состојби и прашања, кои бараат разрешување, а не со независноста, особено што Шкотска има јавен долг од 15 милијарди фунти.

Старџен, меѓутоа, објасни дека секое мерење на расположението на гласачите, покажува дека подршката на независноста е повисока од онаа во септември 2014 година, кога 45 отсто од Шкотланѓаните гласаа за отцепување, но 55 беа за останување во Обединетото кралство.

Таа смета дека подршката за независноста уште повеќе ке расте, доколку стане поочигледно оти отцепувањето е единствениот начин за да се заштитат шкотските национални интереси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top