Европската куќа на фудбалот одлучи дека натпреварот помеѓу Шкендија и Гент ќе се преигра откако лидерот на СДСМ и навивач на Шкендија Зоран Заев изјави дека не го признава резултатот.
Мечот во Скопје заврши со резултат од 0-4 во корист на гостите од Белгија, но веднаш по мечот големиот навивач на Шкендија Заев заедно со „Балистите“ прати писмо до УЕФА во кое стои дека не ги признаваат резултатите од натпреварот, како и дека Голема Албанија е закон.
Заев и Балистите на УЕФА неофицијално и се заканиле дека доколку не го поништат резултатот од натпреварот меѓу Шкендија и белгијски Гент, ќе започнат со процес за поделба на Белгија и нејзино вклучување во Голема Албанија – како остров.
УЕФА го прифатила барањето на Заев и Балистите, после што започнала голема прослава во седиштето на СДСМ. Присутните дури се шегувале дека партијата од денес се вика ШДСМ, а расположението го достигнало врвот кога Заев на сите им соопштил дека преигрувањето на реваншот ќе се случи на стадионот во Струмица.
Пред мечот ќе има големо дефиле за добредојде на Балистите со презентација на проектот „Голема Албанија, тамам Македонија“ кој е дел од програмата на Заев и СДСМ.
Неофицијално, станува збор за проект за намалување на преголемите граници на нашата држава, со цел нејзино поефективно дејствување и со овој проект Заев ќе се обиде да ги натера сите Македонци со албанско потекло да се заљубат во него.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.