| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Заев ја радикализира и албанизира партијата со Зекири и Адеми во високите тела на СДСМ

Со последната одлука на СДСМ, новинар кој се залага за „слободно и независно“ новинарство, новинар со изразити радикално-исламистички ставови стана висок партиски функционер. Трансформацијата на Мухамед Зекири од независен новинар во висок партиски функционер траела помалку од 48 часа, што и не зачудува имајќи предвид дека Заев има само 100 дена да ги продобие албанските гласачи со чиишто гласови планира да победи на овие избори.

Зекири во Централниот одбор и Едмонд Адеми во Извршниот одбор се радикалното јадро околу кое, во агонијата која произлегува од безидејноста и сѐ поголемиот раскол во партијата, Заев ќе се обиде да приврзе гласачко тело кое треба да му обезбеди победа на изборите на 11 декември.

 

Каков политички товар носи професионалната лична карта на новиот член на високото раководство на СДСМ?

Од јавни говори и постовите на социјалните мрежи јасно се гледаат ставовите на Зекири. Тој често повикува на насилство, навредува медиуми, посакува линч на политичари, го повикува народот да се наполни со омраза, а тоа профил за кој Заев смета дека е идеален за тимот.

Новиот член на Централниот одбор на партијата, е поддржувач на исламските радикали на Балканот и за него Израел е терористичка држава.

Мухамед Зекири доаѓа во партијата навидум ненадејно, откако ги одработе сите интервјуа на Зоран Заев, во кои тој промовираше подготвеноста за секакви отстапки со ставови дека на СДСМ не му личи да глуми патриотизам.

 

Новинарот кој и досега отворено одработуваше за СДСМ, кој многу пати досега се ставаше во функција на вжештените националистички реторики кои одредени албански кругови на политичари веќе подолго време ги застапуваат, не ги изненади оние кои подобро ги познаваат неговите ставови. Тој беше еден од првите кои го пробија полицискиот кордон и се туркаше со полицијата на протестот организиран од ЗНМ и повеќе здруженија пред Музејот на македонската борба.

muhamed zekiri muzej na vmro

Дека патот на радикалот му е истрасиран уште пред подолго време зборува и фактот што неговите ставови за македонско-албанските односи се совпаѓаат со ставовте на СДСМ: конфликтот во 2001 година, Диво насеље, Смиљковското Езеро.

Истиот независен Мухамед Зекири, кој вечерва стана член на ИО и ЦО на СДСМ, пред извесно време тврдеше дека во Избирачкиот список имало 500.000 спорни гласачи и на истиот фигурирале 60.000 мртви. Зекири тврдеше дека од 500.000 гласачи, 195 илјади биле евидентирани како фиктивни гласачи, исто како и неговиот партиски лидер.

zekiri izbiracki spisok

Главната поддршка помеѓу Албанците Заев ја црпе од движењето Беса составено од радикални структури и платеници на Сорос, а Зекири со големи букви и повеќе извичници нескриено ја искажа и својата возбуда од одлуката на БЕСА јавно да ги поддржува притестите што ги организира СДСМ. Тие нескриено ја искажуваат желбата на редефинирање на македонските државни граници. Директна поддршка Зоран Заев доби и струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој е познат, исто така, по радикалните ставови.

Зоран Заев и Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора, заговарарале федерализација на Македонија за да го зголеми бројот на поддржувачи, што потврди и самиот Љамалари, кој посочи дека со Заев разговарал токму за федрализација на Македонија, по што лидерот на македонската опозиција ја добил поддршката од албанските партии.

Високата позиција на Зекири во СДСМ е само официјализирање на оваа идеја.

zekiri besa

Новинарот Мухамед Зекири сподели изрека на Мула Јакуп Асипи, оџа од Слупчане во времето на конфликотот во 2001 година, близок соработник на раководството на ОНА, кој од странство донесе околу 150 муџахедини да се борат на страната на ОНА.

prilog-muhamed

„Искрен и праведен е тој кој што кога се во прашање интересите на малцинствата, своите ги гази со двете нозе“

Мула Јакуп Асипи

Мула Јакуп Асипи

Високиот член на раководството на СДСМ го поздрави оштетувањето на споменикот на Цар Душан, а застана и во одбрана на свирепите убијци од Смиљковското Езеро.

car-dusan zekiri

 

zekiri-smilkovski

Македонските судови врз основа на докази им изрекоа казни на убијците на петтемина млади кај Смиљковското Езеро, но оние што пукаа врз нив според Зекири се невини.

Токму овој случај, Смиљковско Езеро, беше најсилниот адут со кој Заев се закануваше дека ќе биде бомбата која најсилно ќе експлодира, веројатно во граѓанска војна. Поигрувајќи си со чувсвтвата на семејствата на убиените, Заев ветуваше докази кои на крајот излезе дека ги нема.

zoran zaev edmond ademi muhamed zekiri

Од друга страна, пак, ставовите на Адеми, кој покрај долгогодишното членство во ЦО на СДСМ бил и претседател на СДММ во Тетово, како експерт или политички аналитичар веќе е познато дека се против интересите и просперитетот на земјата. Освен на насилство и на крвопролевање, изјава која јавноста не му ја заборава, тој повикуваше на Македонија да не ѝ се даде датум за почеток на преговори со Европската унија.

Ademi_krv

„Да сум Европска комисија, не само што ќе нема датум за почеток на преговори, туку би го одзел и кандидатскиот статус„, е коментарот кој тогаш го напиша Адеми повторно на социјалните мрежи.

Јавноста неколку пати досега беше сведок на скандалозни изјави и повици за насилство од страна на членови на опозициската СДСМ, кои најверојатно го следат примерот на лидерот на опозициската партија Зоран Заев. Токму Заев говореше дека „ќе има пукање“.

Премиер Албанец, двојазични училишта, навивањето за Шкендија, ортаклакот со Беќир Зекири Чауш и уште стоитина други најави кои одат во насока јасно да го дефинираат непоколебливиот став за албанизација, радикализација и федерализација на државата Заев почнува да ги реализира со инфилтрирање радикални исламисти во врвот на втората најголема македонска партија – СДСМ.

Несомнено радикализацијата на државата започнuва со радикализација на партијата, зашто и онака Зекири веќе го советуваше Заев да фрла Mолотови коктели кон македонските институции.

zekiri-zaev-640x595 molotov koktel

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top