Вечната патувачка Лила Стојановска годинава првпат ги посети Лисабон и Португалија, Каролина Гочева уживаше во убавините на Италија, Миконос и Санторини, а Катарина Ивановска прошета по Азурниот Брег поминувајќи ги со мотор и Франција и Италија, и Корзика и Сардинија.
Во Охрид летото го поминаа Викторија Лоба и новопечената мама Тамара Тодевска, која подоцна долго одмараше покрај море во Грција.
На грчките плажи можеа да се сретнат и водителките Мелита Ракиќевиќ и Милена Антовска, а во Турција Аделина Тахири промовираше повеќе од десетина бикини.
На социјалните мрежи уживавме во најдобрите изданија на Марјана Станојковска и на Симона Попоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.