| четврток, 6 декември 2018 |

Сисоко му откажа на Евертон за да се пресели во Лондон

sisoko

Францускиот играч за врска Муса Сисоко синоќа беше приказна на вечерта во Англија. Откако јавно неколку пати говореше за желбата да го напушти Њукасл, кој годинава нема да се натпреварува во најсилната англиска лига, Сисоко беше пред трансфер во Евертон, вреден 30 милиони фунти. Англиските медиуми јавија дека сѐ било подготвено за тој да премине во редовите на „карамелите“, соба за медицински прегледи како и официјално претставување.

Но, во последен момент Тотенхем испратил понуда од 35 милиони фунти, а раководството на Њукасл оставило конечната одлука да ја донесе самиот Сисоко. Тој го откажал преминот во Евертон и тргнал кон Лондон.

Интересно е тоа што Сисоко за својата одлука не ги информирал во Евертон, тренерот Роналд Куман го побарал телефонски, но фудбалерот го исклучил својот телефон.

За кратко се појавија фотографии со неговиот нов дрес на Тотенхем, како и потврда дека Сисоко потпишал договор со лондонскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top