Тусркиот напаѓач, Ченк Тосун е првото зимско засилување за Евертон, а трансферот го потврдија и од неговиот досегашен клуб Бешикташ.
Тој ќе го засили нападот на „карамелите“, а за него Евертон плати 30 милиони евра, што е рекордна продажба на Бешикташ. Тосун уште минатиот месец беше поврзуван со тимот од „Гудисон парк“, а очигледно „карамелите“ биле решени со него да ја засилат напаѓачката линија, па веднаш по отворањето на зимскиот преоден рок го осигураа потписот на одличниот турски фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.