| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон се засилува со турскиот голгетер: Ченк Тосун се сели на „Гудисон парк“?

Напаѓачот на Бешикташ, Ченк Тосун ги договорил условите за трансфер во Евертон, известуваат турските медиуми. Наводно, турскиот голгетер ќе се пресели на „Гудисон парк“ за сума од 14 милиони фунти.

Репрезентативецот на Турција сезонава импресионира со своите голгетерски способности откако постигна 13 погодоци во сите натпреварувања и е еден од најзаслужните за успехот на Бешикташ да се пласира во нокаут фазата во Лигата на шампиони. За неговиот потпис се интересираа бројни англиски клубови како Тотенхем, Кристал палас и Вест хем, но според шпекулациите екипата на Алардајс ја добила битката за неговиот потпис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top