По многу пресврти, Вардар и Мешков Брест на крај одиграа нерешено 34:34 (15:18) во првиот натпревар од новата сезона во регионалната СЕХА лига. „Црвено-црните“ ја имаа победата во свои раце на две секунди пред крај, но погрешија и на Мешков Брест му подарија семдерец за реми.
Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со девет погодоци, шест постигна Жоан Канељас во своето деби во „црвено-црниот“ дрес. Арпад Штербик го заврши мечот со 11 одбрани. Во составот на Мешков Брест листата на стрелците ја предводеше Иман Џамали и Растко Стојковиќ со по шет гола, а по пет постигнаа Иман Џамали и Џанис Кристопанс.
Поради повреда во составот на Вардар на овој меч го немаше шпанскиот десен бек Хорхе Македа, а на теренот не се појави ни новото засилување на Вардар, Иван Чупиќ. Своето официјално деби за „црвено-црните“ го имаа Жоан Каељас, Вуко Борозан и Рожерио Мораеш Фереира.
Во следниот натпревар, на 6 септември Вардар му гостува на Металург во првото македонско дерби од новата сеозна во СЕХА лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.