Српската полиција запрела возач во Пожаревац со 3,45 промили алкохол во крвта. Станува збор за 54 годишен маж кој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица на трезнење. Но ова не е ништо за македонски услови.
Прилепчанец пред 4 години во полицискиот дрегер дувнал неверојатни 4,83 промили алкохол во крвта. Ова засега е македонски рекорд за измерено присуство на алкохол во крвта.
Светскиот рекорд го држеше Полјак кој во крвта имал неверојатни 12,3 промили алкохол, но тој загинал во сообраќајна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.