| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена бомба во куќата на уредникот на Косовската радиотелевизија

Минатата ноќ била фрлена бомба во домот на генералниот директор на Косовската радио телевизија (РТК), Ментор Шали, во Приштина.
– Експлозијата беше силна, се случи кога целото семејство беше во куќата. За среќа никој не е повреден- изјави Шали.

bombСе претпоставува дека нападот врз домот на Шали е поврзан со нападот врз РТК кога пред неколку денови во дворот на телевизијата беше фрлена граната.
Косовската полиција го истражува случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top