Илија Несторовски се најде меѓу стартерите во тимот на Палермо на гостувањето кај Интер на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде со неговиот тим освои голем бод кај фаворитот. Тимот од Сицилија поведе, но домашниот тим, сепак, израмни за конечните 1:1. Нашиот репрезентативен напаѓач беше во игра сè до 76. минута.
Никола Ѓорѓев беше активен учесник во високиот триумф на Грасхоперс во шампионатот во Швајцарија, против тимот на Јанг Бојс со 4:1. Нашиот интернационалец беше асистент на последниот погодок на победничката екипа.
Езгијан Алиоски со нов гол во дресот на Лугано. Нашиот репрезентативец како да нема намера да запре со тресењето на противничките мрежи. Овој пат на цел на Алиоски беше Лозана, мечот заврши 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б