Во неделата германската влада донесе нов план за цивилна одбрана, за правење залихи на храна и вода доволни за десетина дена. Од друга страна, Чешка предупредува дека тие нема да бидат доволни во случај на криза.
Според “Израел лајв њуз”, граѓанин на Чешка информирал дека чешката влада ги предупредува граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио, бидејќи хаосот кој следи ќе биде од големи размери, како терористички напад или нуклеарна катастрофа.
Исто така, продажбата на оружје во Германија и Франција порасна како одговор на големиот број теорристички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.