| четврток, 6 декември 2018 |

Десеттото биенале на млади уметници посветено на земјотресот во Скопје

Десеттото Биенале на млади уметници вечер ќе биде отворено во Музејот на современа уметност. Темата оваа година е „Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје“, која го одбележува и раѓањето на идејата за отворање на Музејот на современа уметност како светска солидарна акција.

Ќе бидат доделени награди за најуспешен автор и самостојна изложба во рамки на програмските активности во иднина.

На Биеналето ќе бидат претставени 20 уметници од Македонија и тоа Алексовски Дарко, Аранѓеловиќ Весна, Арсова Илина, Богоевски Борче, Божурска Кристина, Грабулоска Софија и Талески Дарко, Иванова Ана, Јовановиќ Ѓорѓе, Јовановски Филип, Јосифовски Ристо, Јовановска Михаела, Кировска Маја, Менков Горан, Петрушевска Александра, Пулејкова Кристина, Сотировска Марија, Симовска Маргарита Тошевска Славица, Манев Марко и Шимбов Андреа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top