Американскиот кошаркар Брус Котон го засили Анадолу Ефес, објави денеска на својотата веб страна клубот од Истанбул. 24годишниот Котон кој игра на позицијата плејмејкер, во Истанбул доаѓа од НБА клубот Мемфис Гризлис.
Котон и Анадолу Ефес се согласија за едногодишна соработка. За Американецот ова ќе биде можност да се испроба во Европа, бидејќи претходно настапувал само во НБА лигата (Јута, Феникс и Мемфис) и во Кина. Пред Котон, Ефес ова лето ги ангажираше Тајлер Ханекет, Дешон Томас, Ален Омиќ и Џабарi Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.