| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден кошаркар од Македонија ќе настапува во НБА лигата!

Турскиот кошаркар, роден во Охрид, Чеди Осман од наредната сезона ќе биде дел од тимот на Кливленд Кавалирс, со што ќе го оствари својот долгогодишен сон да настапува покрај Леброн Џејмс.

22-годишниот Осман со тимот на Кливленд потпиша тригодишен договор, вреден 8,5 милиони долари. Тимот на Анадолу Ефес од трансфер на Осман во НБА лигата ќе заработи околу милион евра.

Осман во 2015 година беше избран како 31. пик од страна на тимот на Минесота, но веднаш беше трејдован во Охајо. Осман ќе се стави на располагање на тренерот Тајрон Лу, веднаш по завршувањето на Евробаскетот.

Тој ќе биде вториот кошаркар од Македонија по Перо Антиќ кој ќе заигра во тим од најсилната лига во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top