Во вториот дуел од грчко-турската пресметка во четвртфиналето на Евролигата, кошаркарите на Олимпијакос не дозволија изненадување и славеа убедлива победа против Анадолу Ефес со 87-72. Вториот натпревар од четврфиналната серија повторно се игра во Атина, веќе в петок.
Освен израмнетата почетни минути, во продолжение кошаркарите на Олимпијакос доминираа и на крајот заслужено поведоа со 1-0, во серијата подобар од пет. Првата четвртина ја добија со +7 (18-11), а до одморот успеаја да ја зголемат предноста и на пауза кошаркарите од Пиреја заминаа со предност од 42-31.
По паузата домашните кошаркари одиграа на уште повисоко ниво, го добија периодот со 25-19 и се чини го направија конечниот исчекор кон победата. Последната четвртина гостите од Турција ја започнаа со две тројки, но тоа не ги поремети домаќините, кои до крајот одиграа рутински и славеа висока победа од 87-72.
Кошаркарите на Олимпијакос на денешниот натпревар до победата стигнаа со тимска игра, бидејќи дури девет кошаркари се запишаа во листата на стрелците, од кои пет беа двоцифрени. Најефикасен со 14 поени беше Манцарис, а кај Анадолу Ефес Ханикат постигна 15 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Јувентус се мачеше против Олимпијакос, Барса со минимална победа над Спортинг
-
Извлечени паровите во плејофот за Лигата на шампионите, Ристовски и Жута на мегдан со Олимпијакос
-
Французите предупредуваат: Чувајте се од Талески, тој е новиот Лазаров!