Во Штрпце на Косово, изминатата ноќ била заклана Драгиња Николчевиќ (80), а во нејзиното соседство полицијата пронајде тело на уште една старица чиј идентитет подоцна ќе биде соопштен, изјави директорот на Средношколскиот центар во Штрпце, Предраг Крстиќ. Тој рече дека двете старици живее во куќи во непосредна близина на училиштето.
Како што соопшти тој, старицата Николчевиќ заклана е пронајдена синоќа од страна на косовската полициска служба која телото го префрлила на обдукција во Приштина.
– Утрово полицијата во соседната куќа пронајде тело на уште една старица и нејзиното тело е префрлено на обдукција за да се утврдат причините и околностите за смртта, вели Крстиќ.
Тој рече дека ова злосторство ги вознемири мештаните.
– Во понеделник планираме да одржиме протест пред училиштето зошто ова злосторство, кој и да го сторил, внесе вознемиреност и кај родителите и кај професорите, рече Крстиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги