| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсоски следната сезона се враќа во Лахвија

Македонскиот интернационалец Наумче Мојсоски е на прагот да го реши отвореното прашање за продолжување на кариерата

Следната сезона одново ќе биде играч на катарската Лахвија.
Договор е постигнат, но сè уште не е верификуван. Како и да е, Мојсоски вели дека тоа е завршена работа.

-Да, се враќам назад во Катар во истата екипа каде што настапував по заминувањето од Металург. Договорот е за една година, иако сè уште го немам потпишано“, потврди Мојсоски.

Мојсоски пред две сезони во Лахвија настапуваше заедно со Ренато Вугринец, а сега одново ќе има старо друштво од Металург во Доха.

Српскиот голман Дарко Станиќ со кого заедно делеа прво добро, а по тоа и лошо во Металург ќе биде таму, таму е и тунискиот пикер Исам Теж, но нема да биде Сергеј Рутенка, кој замина од Катар.

Овој трансфер доаѓа по одлуката на Наумче Мојсоски да се раздели со ЧСМ Букурешт каде што играше откако му заврши сезоната во Катар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top