Осомничени лица за ткн „дијамантски” грабеж од февруари на аеродромот во Брисел, се уапсени во средата во Белгија, објавија локалните медиуми, меѓутоа не е објавен бројот на приведените.
Осум криминалци во полициски униформи во две комбиња со трепкачки светла се појавија на 18-ти февруари на товарната зона на меѓународниот аеродром во белгиската престолнина Брисел каде што бил паркиран авионот на воздухопловната компанија „Swiss” во кој работници на компанијата „Brink’s” товареле пратка од необработени дијаманти наменета за Цирих.
Разбојниците вооружени со автоматско оружје, украдоа околу десет килограми од скапоцените камења во вредност од околу 37,5 милиони ера. За време на грабежот немаше настрадани и не беше истрелан ниеден куршум. Полицијата тогаш не можеше да влезе во трагата на крадците.
Според блегиските медиуми, уапсените во средата имаат криминално минато. Кај нив било пронајдено извесно количество од украдените дијаманти. Апсењата биле извршени во текот на 40 рации во средата наутро. Во специјалната операција во различни делови на Белгија биле ангажирани 200-ини полицајци.
Во меѓувреме, американската компанија „Brink’s”, специјализирана за обезбедување на скапоцени транспорти, им исплати компензација на оштетените клиенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


