На влезот на 22 главни железнички станици во Белгија ќе бидат поставени бетонски бариери, како една од мерките против терористички напади.
Бетонските блокови се поставуваат за да спречат возила да влезат во железничките станици, а проектот ќе чини 1,6 милиони евра.
Пред една година, на трите белгиски најголеми меѓународни железнички станици во Брисел, Антверпен и Лиеж беа воведени проверки за поседување оружје и експлозиви. На станиците беа поставени и скенери и камери за препознавање на лице. Овие безбедносни мерки чинеа 15,7 милиони евра.
Во јуни минатата година, во Централната станица во Брисел, каде немаше поставено скенери, терорист постави експлозив во куфер, а експлозијата предизвика само материјална штета. Истрагата утврди дека моќноста на експлозијата била помала од планираното бидејќи бил неправилно поврзан експлозивот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Белгија со голем пресврт ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето!
-
Белгиските власти помогнале да се ослободи организаторот на нападите во Париз и Брисел