| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за ужасното убиство во Зворник: Си го убил 20 месечното внуче, па го закопал во шумата

zvornik

Жителите на Зворник, Мијат Станчиќ и неговата невенчана сопруга Фата Дурак, и признале на полицијата дека го убиле 20 месечното дете кое беше пријавено за изгубено, јави Независне.ком. Станчиќ, кој му бил вујко на детето, и неговата неговата вереница и признале на полицијата дека потоа телото го заопале во шумата на имотот кој е во сопственост на Мијат.

– Тие го опишаа целиот начин на кој го извршиле ова злосторство, потврдилe од полицијата за споменатиот портал.

Потоа им го покажале на полицајците и местото каде детето било закопано.

– Лицата М.С. (38) и неговата партнерка Ф.Д. (34) од Зворник, утре ќе бидат предадени на обвинителствоото во Бјелина, соопштила полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top