
Александар Д. (18), од селото Јазак во Фрушка гора, Србија, починал пред продавницата во центарот на селото, а неговото тело цели пет часа лежело таму. Безживотното тело толку долго останало на местото затоа што докторот барал обдукција, но судијата сметал дека тоа не потребно, па настанала долга компликација.
Дежурниот лекар Д.Ж., кој ја констатирал смртта, не сакал да се потпише се додека не се направи обдукција, пишува Новости.рс. Но, надлежниот судија заради тоа што немало траги на насилство одбил да се направи обдукција. Дури кога било гарантирано дека општината ќе ги сноси трошоците за обдукцијата, телото на несреќното момче било тргнато од пред очите на минувачите и мештаните. Потоа било префрлено на Институтот за судска медицина во Нови Сад.

Безживотното тело на момчето први го затекнале мештаните кои рано во утринските часови минале покрај продавницата.
– Тој со своите пријатели бил излезен, а на враќање кон дома се поажалил дека му е лошо, раскажал жител на селото кој разговарал со еден од другарите на Александар.
– Ние веднаш реагиравме на повикот на полицијата и отидовме на местото. Затекнавме ни малку пријатна глетка каде имаше многу луѓе собрани околу телото и сите беа во шок. Кога ни објаснија за што се работи, повикавме судска медицина, затоа што долги години соработуваме со нив. Потоа се случи целата компликација која се одолговлечи со часови, раскажал вработениот во погребалното претпријатие.
Откако конечно била направена обдукцијата, телото било предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


