Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика припадниците од турско потекло, кои веќе долго време се германски граѓани, да ѝ бидат лојални на Германија.
Таа го изјави тоа во интервју за „Рур нахрихтен“, во време на затегнати германско-турски односи, наведуваат американските медиуми.
„Очекуваме од луѓето од турско потекло, кои веќе долго живеат во Германија, да развијат повисок степен на лојалност кон нашата земја“, кажа Меркел.
Канцеларката додаде дека Германија ќе се труди да ги слушне нивните проблеми и загриженост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.