Бегалците во Германија одбиваат да започнат работа со образложение дека се „гости на канцеларот Ангела Меркел“, пишува британското издание „The Express“, повикувајќи се на коментари на локалната германска администрација.
Градоначалникот на Валденбург (Саксонија) Берн Полерс коментира дека локалните власти трошат речиси 700 евра на човек за издржување на бегалците.
Според германското законодавство барателите на азил немаат право да работат, но можат да вршат волонтерска работа. Пред неколку месеци владата лансира програма за обезбедување на работа на бегалци – во форма на општествено корисна работа, при што плаќањето е 1,10 евра на час.
Кога сепак такво нешто им се предложи на бегалците, тие одбиваат и велат дека се гости, а гостите не треба да работат. Покрај обидите за убедување бегалците одбиваат да започнат каква било работа, објаснува уште Полерс.
Во градот Цвикау (Саксонија) сметаат дека со работа бегалците ќе бидат полесно интегрирани и прифатени во општеството. Затоа и локалната администрација нуди работа со минимална плата – малку над 20 евра за 20 часа работа. Кога сепак бегалците разберат дека во Германија има минимална стапка на плаќање од 8,50 евра на час, тие брзо напуштаат.
Полерс е свесен како ќе се одразат неговите коментари на аргументите на противниците на пристигнатите бегалци. Овој проблем, сепак треба да биде чуен поради средствата кои ги трошат локалните администрации за бегалците.
Во минатата година, германскиот канцелар Ангела Меркел беше убедена дека Германија може да се справи со бегалскиот бран.
Над 1,2 милиони бегалци – главно од Сирија, Ирак и некои африкански земји, пристигнаа во земјата, потсетува Politico.eu. Година подоцна Меркел изјави дека застанува зад зборовите и политичките одлуки и додаде: „Никогаш не сум тврдела дека ќе биде лесно“.
Германците сепак не се убедени дека Германија „може да се соочи“ со бегалскиот бран, покажуваат анкетите. И обвиненијата против Меркел се слушаат се повеќе јасно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.