| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Вардар стартуваа со победа во Белорусија

timur-dibirov-vardar

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со убедлива победа од 39-28 над францускиот Сесон на турнирот „Белгазпромбанк”, што се одржува во Брест.

Најефикасен на мечот беше Тимур Дибиров со девет постигнати гола.

Од самиот почеток на натпреварот Вардар имаше предност, но ниту еден тим не направи позначителна предност за да може резултатски да се одвои. Победникот беше решен во последните 15 минути кога при резултат 26:25 „црвено-црните“ направија одлична серија и дојдоа до предност од 32-27.

Денеска Вардар игра против Висла Плоцк од 14 часот .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top