Рускиот репрезентативец во редовите на еврпскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, се најде во тимот на колото по победата од 34-30 против Пик Сегед во рамките на 12.коло во Лигата на шампионите.
Крилото го одигра најдобриот меч сезонава, откако постигна 11 гола со само едно промашување. Покрај Дибиров во изборот на ЕХФ се најде и уште еден играч на Вардар, пивотот Мијајло Марсениќ кој го постигна еден од најубавите голови во ова коло.
Идеалниот тим на 12. коло од ЛШ:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона)
Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)
Десно крило: Никлас Екберг (Кил)
Пивот: Игор Аниќ (Целје)
Голман: Родриго Коралес (ПСЖ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.