| четврток, 6 декември 2018 |

Се породила мртва пијана, новороденчето имало 1,7 промили алкохол во крвта

Пијана Полјачка минатата недела во својот дом во градот Остров Вјелкополски, во централна Полска, предвреме се породила и родила пијано бебе со 1,7 промили алкохол во крвта. Триесет и двегодишната Полјачка се породила во домот и не повикала лекари иако бебето било родено предвреме.

Сепак соседите слушнале плач на новороденче и повикале Итна медицинска помош која мајката и бебето веднаш ги пренеле во болница. Во крвта на мајката лекарите измериле 3,5 промили алкохол, а во крвта на бебето 1,7 промили алкохол во крвта.

Веднаш штом се отрезнила малку, мајката на своја одговорност заминала од болницата и од тогаш обвинителството не може да ја најде ниту нејзе, ниту таткото на бебето за да ги сослуша. Не се појавиле ниту во болницата да видат како е нивната ќерка.

„За кривичното дело изложување на дете на животна опасност на мајката и се закануваат пет години затвор“, изјавил за полската телевизија TVN 24, портпаролот на обвинителството, Марчин Кубјак.

Судот ќе одлучи дали ќе и го одземе детето на мајката и ќе го даде на друго семејство, откако лекарите ќе го пуштат бебето од болница. На оваа Полјачка досега судот и одзел два сина поради занемарување и загрозување на децата, едниот сега има 11, а другиот две години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top