По нападот од петмина мигранти врз малолетно девојче од улица во Белград, цела населба протестира со закани дека нема да ги пуштат децата во училиште ако мигрантите не бидат дислоцирани од пре Економскиот факултет.
-Нашите деца нема да тргнат во училиште ако не се реши проблемот. Неодамна петмина од нив ја нападнаа мојата малолетна ќеркичка која се враќала со другарките. Зар секојдневно треба да се грижам да не и се случи нешто на пат од училиште кон дома, на далечина од 100 метри?- прашува Славица Маниќ, жителка од улицата Гаврило Принцип за медиумите.
Таа и нејзините соседи организираа протест пред Економскиот факултет заради недоличното однесување на мигрантите кое трае цела година.
-Ноќе не се спие, а да не зборуваме што становите ги закллучуваме во девет навечер и не смееме да одиме до продавница. На една страна на улицата спијат и го оставаат сметот, под прозорците вршат нужда. Навечер се собираат, викаат, дофрлаат, спијат пред влезовите- вели белграѓанка од друга улица.
Најавени се протести секоја вечер, а се закануваат и со блокирање на улиците Караѓорѓева и Гаврило Принцип доколку не се реши проблемот.
-Ќе го блокираме и влезот на Факултетот, бидејќи нема да дозволиме децата да ни бидат во опасност- додаваат организаторите на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Продолжуваат протестите на косовските Срби против таксите на увозот од Србија
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница