Не е првпат „Најк“ во своите рекламни кампањи да вклучува специфичен избор на луѓе. Во најновата кампања, насловена „Unlimited Youth“, се појавува 86-годишна калуѓерка, која или ќе ве инспирира или ќе ве направи да се чувствувате како најголемата мрза во светот.
Сестрата Мадона Будер е ветеран во натпреварите „45 Ајронмен“ . Она што е уште пофасцинантно е што таа пред својата трка „Ајронмен“ на 65 години, никогаш не трчала претходно. На 75 години станува највозрасната натпреварувачка некогаш што ја завршила трката.
На 82-годишна возраст, пак, поставува рекорд за најстариот напреварувач на трката „Ајронмен“ некогаш пријавен. Сега, кога има 86, го урива претходниот и поставува нов.
Токму затоа и го има прекарот „Челичната калуѓерка“ (The Iron Nun). Со овој избор, брендот навистина направи бум бидејќи им врза шлаканица на сите што наоѓаат милион изговори за тоа што не се активни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?
-
Серхио Рамос ја откри причината која го прави Зидан најдобар тренер во историјата на Реал
-
Откриени новите дресови на Барселона за следната сезона, на градите ќе се рекламира „Ракутен“
-
Кире и Борко во најновата реклама на Барселона како најава за мечот со Кил (Видео)