| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за монструозното убиство: Ги заклал жената и бебето, па заспал покрај нив

ubieni zena i dete

Арпад Сабо (28) во неделата во Ветерник ги уби својата сопруга Славица 24 и нивното четиримесечо бебе Николина, откако избила кавга во која сопругата му приговорила зошто ги потрошил сите пари на алкохол.

По крвавиот чин, тој легнал да спие до безживотните тела, а кога се разбудил, побегнал кон местото Бачка Паланка, каде и бил уапсен. Според сознанијата на Информер.рс, Сабо во неделата целиот ден го поминал пред една продавница во Ветерник каде седел со пријатели.

– Во станот каде со своето семејство живеел како потстанар, дошол некаде околу 22.15 часот. Го снимила камерата поставена во објектот. Соседите нешто пред 23 часот слушнале галама и викање, но никој не повикал полиција. По неколку минути веќе ништо не чуле, изјавил полициски извор.

Arpad-i-Slavica-Sabo-2

Славица, таа вечер му се налутила затоа што Арпад се вратил дома пијан и по којзнае кој пат ги потрошил сите нари на алкохол. Избила бурна караница, по што тој го фатил ножот и ја убил. Потоа му пресудил и на малото бебе.

– Убиецот станот го напуштил во пет часот, рано наутро. Најверојатно во алкохолизирана состојба легнал на креветот и заспал покрај жртвите. Во зори бил снимен како го напушта станот. Бегал пешки, барајќи локација погодна да го премине Дунав и да влезе во Хрватска. Злосторството беше откриено во понеделник во 14 часот. Телата ги пронашол сопственикот на станот кој веднаш повикал полиција. По само наколку часа, полицијата успеала да го лоција Арпад, додал изворот.

arpad

Арапд, инаку роден во Липар израснал во тешка беда живеејќи во подрум на една недоградена куќа со својот татко и брат. Мајка му ги напуштила додека биле мали, а братот на Арапад, Милош пред неколку месеци загинал откако паднал од мотор. Колега од авто – сервисот каде Арпад работел, го опишал како мирен и повлечен, но и склон на алкохол.

Славица и нејзината 4 месечна ќерка биле погребани заедно, во бел ковчег.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top