| четврток, 6 декември 2018 |

Талант Дујшебаев ја прероди Полска, беше пресреќен по победата над Хрватска (видео)

talant dujshebaev

Харизматичниот Талант Дујшебаев на свој начин ја прослави големата победа што ја однесе репрезентацијата на Полска во првото олимписко полуфинале во историјата. Полјаците среќно стигнаа до четврт-финалето, а потоа ја победија Хрватска со 30-27 и се пласираа во полуфиналето на олимпискиот турнир во Рио. Последниот звук на сирената значеше голема радост на клупата на Полска и скок по цел терен на селекторот Талант Дујшебаев.

Тоа беше слатка одмазда на полската репрезентација за катастрофалниот пораз пред само седум месеци на Европското првенство кога како домаќини беа декласирани од Хрватите со 14 гола разлика.

– Сите сме среќни, но ние сѐ уште не сме направиле ништо. Се разбира, ова е успех бидејќи ние сме во полуфиналето на ОИ, но имаме уште натпревари пред нас. Верувавме уште од самиот почеток и тоа беше многу важно за нас. Одигравме добро во нападот на нивната одбрана 5-1. Хравтите сигурно го гледале нашиот натпревар против Словенија на кој ние не игравме добро и сигурно сакале да го пробаат истото што го одигра Словенија. Но, ние почнавме нов турнир со нови соништа да победиме на секој следен меч – изјави Талант Дујшебаев по пласманот на Полска во полуфиналето на ОИ.

talant dujshebaev

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top