| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел загуби на изборите во Долна Саксонија

Германската опозиција на левиот центар освои минимална предност во однос на коалицијата на канцеларката Ангела Меркел на вчерашните избори во Долна Саксонија, и на тој начин ѝ нанесе удар пред изборите на кои оваа година ќе се обиде да освои трет мандат

Klausurtagung des Kabinetts der Großen KoalitionОпозициската коалиција на Социјалдемократската партија и на зелените освои само едно пратеничко место повеќе во Парламентот на северозападниот германски регион, во кој живеат осум милиони жители.

Со Долна Саксонија десет години управува коалицијата на конзервативната Христијанско-демократска унија на Меркел (ЦДУ) и Слободните демократи, истите партии што формираат национална Влада.

Меркел ќе се обиде да освои уште еден четиригодишен мандат на функцијата канцелар на парламентарните избори во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top