| четврток, 6 декември 2018 |

Кузманоски: Сакаме Кичево да стане и машки ракометен град

kuzmanovski

Школите од ракометната академија Вардар веќе се подготвуваат за следната сезона на Вардар Јуниор лигата. Впечатоците и спомените од она што беше се смируваат и расте нетрпението за нови докажувања и дуели. Задоволни од реализираното во минатата сезона која беше и прва за нашата Лига, тренерите велат дека за следнава година очекуваат уште подобри натпревари зашто дел од децата веќе се искусни натпреварувачи. Лигата им овозможи на децата да играат и се натпреваруваат на истиот паркет каде се играат највозбудливите мечови од Лигата на шампионите, да ја почувствуваат атмосферата во која настапуваат и нивните идоли и на крајот во финалните натпревари да и самите се почувствуваат како вистински ракометари.

kale-kicevo

Тренерот на РК Кале – Кичево Вардар од Кичево Драган Кузмановски се навраќа на еден таков момент за кој вели дека е и еден од најубавите моменти во неговата кариера.

– Организација на лигата е многу добра. Игравме во затоплени сали, имаше одлични судии, физиотерапевтите си ја вршеа работата, се изгледаше и беше на ниво како и за професионален натпревар. Игравме многу натпревари и за децата тоа беше новитет. Некои деца воопшто се немаа натпреварувано. Но, она што мене ми остави голем впечаток на полуфиналните натпревари и во финалето е што фотографии од децата што го играа натпреварот беа истакнати на местата каде вообичаено има слики од нивните идоли Карачиќ, Штербик и останатите ѕвезди на Вардар. На фотографиите децата беа презентирани децата како играат, шутираат, и имаше нивни фотографии горе на семафорите, покрај резултатите. Значи и децата почувствуваа каков е професионализмот. Долу во публиката, пак, натпреварот го гледаат Раул Гонзалес и ѕвездите на Вардар кои можеа да присуствуваат. Ова најмногу им се допадна и на децата. Во мојата тренерска и ракометна кариера ова беа најдобри моменти – вели Кузмановски.

Целото интервју на тренерот Драган Кузмановски може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top