| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска го декласираше Тунис за првото место во групата, познати сите четвртфинални двојки

Групната фаза на ракометниот турнир на Олимписките игри заврши синоќа со одигрување на петтото коло.

hrvatska

Хрватската репрезентација ја искористи шансата за првото место во групата и го декласираше Тунис во последното коло со 41-26. Со надмоќна игра уште во првото полувреме кога избраниците на селекторот Бабиќ направија огромна разлика од 15 гола, „каубоите“ покажаа дека се во одлична форма и дека ќе атакуваат на еден од медалите во Рио.

Репрезентацијата на Тунис која ја елиминира Македонија во априлските квалификации за пласман на ОИ, неславно го заврши својот настап во Рио уште по првата фаза, со само еден освоен бод во петте натпревари и со срамен пораз за крај.

Со оваа четврта победа по ред, Хрватите завршија на првото место во групата А и во четвртфиналето ќе играат против селекцијата на Полска, која го фати последниот воз за втората фаза на ОИ како четвртопласирана во групата Б.

Франција заврши на второто место во групата А по триумфот против Данска со 33-30 во дербито од последното коло во групната фаза. Алтуелните олимписки шампион во четвртфиналето ќе играат против домаќинот Бразил кој вчера неочекувано беше убедливо поразен од последнопласираната Шведска со 19-30.

По четири победи во групата Б остварија селекциите на Германија и на Словенија, кои ќе стартувата од првото и од второто место. А пласман меѓу осумте најдобри од оваа група изборија и домачинот Бразил и со многу среќа, репрезентацијата на Полска која го освои четвртото место во групата благодарение на победата на Германија против Египет (31-25) во последното коло.

Резултати 4.коло:

Група А: Франција – Данска 33-30, Хрватска – Тунис 41-26, Катар – Аргентина 22-18.

Табела: Хрватска 8, Франција 8, Данска 6, Катар 5, Аргентина 2, Тунис 1.

Група Б: Полска – Словенија 20-25, Германија – Египет 31-25, Шведска – Бразил 30-19.

Табела: Германија 8, Словенија 8, Бразил 5, Полска 4, Египет 3, Шведска 2.

Четвртфинални двојки на ОИ во Рио:

Хрватска – Полска

Данска – Словенија

Бразил – Франција

Германија – Катар

Четвртфиналињата се играат в среда, а првиот натпревар на програмата е од 15 часот во кој ќе се сретнат домаќинот Бразил против актуелниот олимписки шампион, Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top