| четврток, 6 декември 2018 |

Управниот одбор на МКФ ќе одлучува за судбината на Антиќ, Самарџиски и Трајковски

uo na mkf

Македонската Кошаркарска Федерација почнала процедура за дисциплинска постапка против Перо Антиќ и Предраг Самариски поради нивното ненастапување за националниот тим во квалификациите за Евробаскет 2017.

Во случајот со Бојан Трајковски кој на негово барање доби дозвола да отсуствува од подготовките поради приватни приччини а потоа не се врати во националниот тим ќе биде поведена постапка поради прекршувањето на Дисциплинскиот правилник на националните репрезентации, а по пријава на селекторот Драган Раца.

Стартувањето на дисциплинските постапки и нивна финална реализација би можело да значи суспензија од клупска кошарка за тројцата кошаркари.

Потврда за ова Република доби и од генералниот секретар на МКФ Моника Гавриловска која вели:

„Управниот одбор треба да донесе конечна одлука. Постапката е започната, но има процедура која ќе трае. Во текот на утрешниот ден би требало да имаме повеќе информации“

Според последните сознанија на барање на претседателот на МКФ Петар Наумоски, Управниот одбор треба да се состане утре. На него првиот човек на МКФ со своите најблиски соработници ќе дискутира на оваа тема, по што ќе биде и донесена конечната одлука, дали документацијата за дисциплинска постапка да биде испратена до ФИБА, што би бил последен чекор кон суспензија на Антиќ, Самарџиски и Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top