ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во своето обраќање до јавноста вели:
Македонскиот народ мора да остане посплотен во овие тешки моменти.
Мора да се биде горд бидејќи народот не ја изневери државата. Заканите и уцените не ги издржаа сите.
Вистинските народни избраници кои ја почитуваа волјата на нардот беа против разнебитувањето на државата, но имаше и луѓе кои потклекнаа и се бореа заедно со Зоран Заев и владејачкото мнозинство за да се уништи сe’ она што е македонско.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен дека партијата е против Договорот со Грција и против промена на Уставот со цел промена на уставното име.
Според тоа на вонредна седница на ОК на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на ИК на партијата донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против членовите Љубен Арнаудов и Сашо Василески заради спротивно постапување на донесените одлуки на највисоките органи на партијата.
Нанесена е огромна штета на ВМРО-ДПМНЕ како партија, како и огромна штета на товар на Република Македонија и македонскиот народ. Гласањето за промена на уставните измени значи дека пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василески се исклучуваат од членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Остануваме на нозе и продолжуваме напред. Вистинскиот Македонец, никогаш не се откажува. Секој си го носи својот крст. Срамот и товарот ќе падне на ненародната власт предводена од Зоран Заев и неговите поддржувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.