Со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозоски, сменет е претседателот на Управниот одбор (УО) на Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето”, Зоран Вељаноски – Летра и членот на Одборот, Тошо Чочороски, информираат од „Охридско лето“.
За нов член, воедно и претседател на УО именувана е Оливија Пирузева- Јанева, просветен работник од Охрид, инаку член на Советот на општина Охрид.
Вториот, нов член на УО е Маре Ристеска, педагошки работник од Охрид.
Од редот на вработените во установата, преставници се Катарина Митрека и Субија Изеироски. Во Управниот одбор на фестивалот останува членот кој е на предлог на Локалната самоуправа, Љупчо Кеверески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


